Home » Поддршка

Поддршка

ПЛАЌАЊЕ

Начини на плаќање
Постојат два достапни начини на плаќање за нарачка:
– во готовина при подигање на нарачка (важи само за Штип)
– со платежна картичка при креирање нарачка на веб страницата (важи за Штип и за останати градови)

Безбедно онлајн плаќање
Сите нарачки платени со картичка се процесираат преку C-Pay. Плаќањето е безбедно и нашиот систем не зачувува информации од вашите платежни картички како број, пин и слично.

ДОСТАВА

Начин на достава
Доколку сте од Штип нарачката можете бесплатно да ја подигнете од нашата канцеларија на ул. Страшо Пинџур 66/1.

За надвор од Штип достава се врши преку екстерни курирски служби, единствено и само на адресата дадена при креирање нарачка.

Курирски служби
Доставата се врши преку Карго.

Трошоци за достава надвор од Штип
За нарачки чија вредност е под 900 денари, трошокот за достава е 70 денари.
За нарачки чија вредност е над 900 денари, трошокот за достава е бесплатен.

Рок за достава
Рокот за достава е до 3 работни денови. Доставата може да се пролонгира доколку во дадениот рок има неработни денови или доколку ја направите нарачката за време на распродажба.

РЕКЛАМАЦИЈА

Рекламација
При достава на пратката ве молиме да проверите дали има оштетување на пакетот во присуство на курирот. Доколку има видливи оштетувања, пакетот не треба да го превземате од курирот.

Доколку има видливи оштетувања потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 075/305-172 или 032/383-116.

ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА

Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса Страшо Пинџур 66/1 и притоа трошокот за достава е ваш.
Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура.
Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса info@frlz.org.mk.
Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.